Пронајден нов вид на оса која изгледа застрашувачки

Во Амазон е пронајден нов вид на оса, која ја краси огромна игла поради која изгледа помалку застрашувачки.

Иако живееме во време кога многу видови на животни се загрозени или изумираат, убаво е да се види како природата може да не изненади со нешто ново. Овој пат со инсект кој е најблизок со обичната оса која ја знаеме од нашето поднебје (Vespula vulgaris), но само налик, и живее во Амазон.

Оваа оса низ својата голема игла лачи моќен отров кој ги парализира своите жртви. Инаку, clistopyga crassicaudata е паразитски вид кој не само што има долга игла, туку е и многу поголема од останатите видови, велат тимот на научници во статијата, која е објавена во списанието Zootaxa.

Од меѓународниот тим на научници посочиле дека овој необичен вид на оси може да се најде меѓу Андите и на просторот на прашумите во Амазонија.

“Веќе подолго време ги проучуваме тропските паразитски оси и никога немам видено нешто што личи на ова”, вели професор Илари Саеаексјаерв од Унивеерзитетот Турк.

Паразитските оси ги положуваат јајцата во внатрешноста на пајаци, а со иглата истискуваат отров во телото на жртвата. Отровот ја парализира жртвата. Ларвата потоа го јаде пајакот и сите достапни пајакови јајца. Сите оси женки имаат отров. Органот со кој ги положуваат јајцата функционира исто како игла, долг и погоден за достигнување до животните кои, на пример, живеат во внатрешноста на стеблата.

“Не знаеме со сигурност кој вид на пајак го сака осата. Големата игла изгледа како софистицирано оружје и ние сеуште ја погодуваме неговата намена”, истакнува професорот Саеаексјаерв.

 

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.