Првото издание на книгата Principia Mathematica кое е објавено во 1687 година, и во кое познатиот научник го претстави законот за движење, е продадено за 3,7 милиони долари во аукциската куќа Christie’s.
Алберт Ајнштајн сметал дека таа книга е „можеби најголемиот интелектуален чекор кој еден човек може да го направи“.
Изданието кое било наменето за европското подрачје се разликува од британското издание. Се смета дека постојат само 80 примерока од таквото прво издание од вкупно 400 објавени книги.
Edmund Halley, познатиот астроном, по кој е наречена халеевата комета, бил уредник на оваа книга и човекот кој го охрабрил Њутн да ги стави своите идеи на хартија. Halley, го платил печатењето на првото издание на книгата, бидејќи од Royal Society немале доволно сретства. Книжарницата Royal Society поседува два примерока од книгата, вклучувајќи го и оригиналниот ракопис кој го сметаат за нивно најголемо богатство.
Во оваа книга, Newton го претставил својот закон за движење и законот за универзална гравитација. Keith Moore, директор на книжарницата Royal Society рекол: “Овде не се работи само за историјатот и развојот на науката. Ова е една од најпознатите книги било кога објавени. Имаше големо влијание на применување на математиката во основните проблеми на физиката“.
Moore ја поврзал популарноста на научните текстови со луѓето кои заработуваат од технолошките достигнувања. „Луѓето кои поседуваат важни книги, можеби се оние кои заработиле пари на интернет. Ако имате милион долари, зошто не би ги потрошиле на примерок Principiae Mathematicae? Или ако сте заработиле пари на некој добар алгоритам, веројатно ќе знаете да ја цените Њутновата физика.“