Риба која „оди“ по морското дно

Еден француски нуркач, за време на ноќно истражување на морското дно во близина на брегот на Бали, Индонезија, наишол на риба која се движи по тлото со помош на нозе! Тој  успеал тоа да го сними со камера.

Нуркачот Емерик Бахаласа изјавил дека верува дека се работи за  т.н. „stingfish”- помал род од фамилијата камењарки (stonefshe), една од најотровните риби на светот. Сепак, научниците не можеле да кажат со сигурност што точно снимил нуркачот, сѐ додека видеото не стана достапно за јавноста во понеделникот.

На снимката се гледа портокалова риба, со кафеави перки, која изгледа како да има стапчести нозе со кои се движи по морското дно. Секако овие риби немаат нозе, но имаат „пекторални нишки“ (дел од нивните пекторални перки кои се одвоиле во текот на еволуцијата), кои тие ги користат да откопуваатт ракчиња и црви.

Бидејќи рибата не можеле да ја имаат во раце и подетално да ја истражат, научниците сепак на крајот истакнале дека не е можно да се даде точна идентификација, смо врз основа на видеото.

Според  „National Geographic“, можно е да се работи за неколку видови – пругаста камењарка, гоблин риба, или можеби за некоја до сега не опишана риба.

 

Поддржете ја нашата работа: