Са гради тест патеката за тестирање на „Hyperloop“

После многу контроверзи и одложувања , компнијата  „Hyperloop One“ почна со изградба на тест патеката каде ќе се тестира револувионерното превозно средство.

Транспортниот систем „Hyperloop“ кој е замисла на извршниот директор на СпејЕкс и Тесла моторс Илон Маск, сега почнува да станува реалност во пустината Невада, во близина на Лас Вегас.

Се работи за технологија која користи затворени вакуумски цевки, погон без триење и затворени капсули кои се движат со брзина блиска до брзината на звукот.

Тест патеката која се состои од серија цевки со дијаметар од 3,3 метри и должина од 500 метри е наречена „DevLoop“.

Кога ќе биде завршен, овој систем би можел повеќечасовните меѓуградски патувања да ги скрати на само неколку минути.

„Hyperloop One“ би требало да биде тестиран до средината на оваа година.

„DevLoop“ беше претставен на конвенција во Дубаи, каде се планира да се гради и првиот комецијален  „Hyperloop“ систем – од Дубаи до Абу Даби.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.