Што ги спречува научниците да развијат вакцина против корона вирусот ?

Во трката на производство на вакцина за корона вирусот иако се впуштија најголемите светски истражувачки центри поткрепени со огромни финансиски и материјални ресурси сепак може да се констатира дека во скоро време нема да имаме употреблива вакцина и тоа пред се не зависи ниту до пари ниту до научниците него од одредена ретка раса на глувци.

Во новата напредна медицина постои долгогодишно правило дека не смее да се вбризга било каква материја во човекот пред да се тестира првенствено на животни.

Глувците долги години се користат во научните истражувања и тоа пред се поради големата генетска сличност со луѓето.

Меѓутоа не сите глувци се исти .

За тестирање на различни типови на болести потребни се различни видови на глувци кои имаат генетика таква што ќе може да даде одговор на лекот или вакцината сличен на оној што би го дал организмот на човекот.

Во конкретниов случај за успешно тестирање на вакцините за корона вирусот потребни се глувци со генетски модифициран ген, наречен ACE2 , кој овозможува подобро да се проучи ефектот на вирусот во организмот.

Неколку од најпознатите компании што одгледуваат трансгенетски глувци и покрај тоа што поседуваат преку 11.000 различни видови глувци , тврдат дека немаат ниту еден глушец од конкретниот тип на располагање и дека ќе биде потребно недели и месеци тие да се произведат.

Бидејќи непостои глобална статистика за достапноста на овие животни секој научен центар пробува да одгледа што е можно побрзо поголема количина од глувчињата.

relates to A Virus Cure Depends on Rare Lab Mice, But There Aren’t Enough

 

” Сите што ги познавам пробуваат да најдат од глувците “ вели професорот Stanley Perlman од универзитетот во Ајова

Употребата на било кој друг тип на глувци или животни нема да ги дадат резултатите што се потребни, а заобиколувањето на клиничкото истражување врз животни и тестирање директно на луѓе може да биде поопасно и од самиот вирус.

Од процесот на оплодување до процесот на породување на мали глувчиња потребен е период од 3 недели и уште дополнителни 6 недели за да дојдат во стадиум и возраст за да може циклусот да се повтори и мултиплицира.

Ова е вистинското тесно грло во производството на вакцината за корона вирусот , да се надеваме дека доволно долго ќе можеме да ја одложиме заразата до појавата на вакцините.

Обработено од Влатко Стефаноски за енаука.мк

Поддржете ја нашата работа: