Компанијата СпејсЕкс објави дека наскоро, за прв пат ќе води туристи на пат околу Месечината.
Според најавите на основачот на компанијата Илон Маск, мисијата се планира за крајот на 2018 година и дека туристите веќе „уплатиле депозит“.
„Ова претставува можност човештвото да се врати во длабоката вселена прв пат по 45 години“-изјавил Маск.
Двајца, засега неименувани туристи ќе летаат со вселенскиот брод чие тестирање е закажано за ова лето.
Овие патници ќе имаат прилика да патуваат побрзо и подалеку во Сончевиот систем од било кој досега.
„Како и астронаутите од Аполо и овие лица ќе патуваат во вселената носејќи ги надежите и соништата на човештвото, поттикнати од универзалниот човечки дух за истражување“- се вели во извештајот од компанијата.
Вселенските туристи ќе направат круг околу Месечината, но мисијата не опфаќа слетување на овој природен сателит на Земјата.
Маск вели и дека овој план возможен го направила Американската вселенска агенција (НАСА)