Циклус предавања на популарни астрономски теми 2018

СПОДЕЛИ

И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми. Циклусот започнува на 18.10.2018 (четврток), а предавањата ќе се одржуваат секој четврток, со почеток од 20:00 часот, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Предвидени се 7 предавања од различни области во астрономијата, со актуелни и интересни теми, но и едно предавање од биомедицината на тема која е актуелна и од особено значење. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран што за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе.

Распоредот* на предавања е следен:

  • Живот на Марс 
  • Мисијата Касини
  • Темниот Универзум
  • Космологијата низ вековите
  • Теорија на струни
  • Терапија и рана детекција на рак: каква иднина ни претстои?
  • Црни дупки
  • Ајнштајновите теории на релативитет

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари. За членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари од предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

За повеќе информации слободно пишете ни на kontakt@astronomija.mk или јавете се на 076 439 027.

Ве очекуваме!

*Распоредот е подложен на промени. Сите промени ќе бидат објавени на веб страната и на профилите на социјалните мрежи на САД.

Дискусија

Коментари