Вештачката интелигенција на “Гугл” може да предвиди кога пациентот ќе умре

Вештачката интелигенција (AI) знае кога ќе умрете. Но, за разлика од научнофантастичните филмови, таа информација може да заврши со спасување на многу животи.

Новата студија, објавена во списанието Nature сугерира дека ставањето на електронските досиеа со податоци за здравјето во модел за длабоко учење може да ја подобри точноста на предвидениот исход.

Во пробните верзии, кои користат податоци од две американски болници, истражувачите имале можност да покажат дека овие алгоритми можат да предвидат колку време пациентот ќе остане во болница, но и времето на смртта.

Невронската мрежа, опишана во студијата, користи огромен број на податоци од историјата на лекувањето на пациентот за да ги создаде предвидувањата, како и клучните параметри поврзани со неговотата здравствена состојба.

Новиот алгоритам ги подредува претходните настани од досието на секој пациент одделно во форма на еден времеплов, кој дозволува моделот на длабокото учење да ги предвиди идните настани, вклучувајќи ја и смртта. Невронската мрежа дури вклучува и рачно напишани белешки, коментари и чкртаници на стари дијаграми за да ги направи предвидувањата. И сите овие калкулации се прават за многу брзо време.

Се разбира, вештачката интелигенција веќе има голем број примени во здравството. Пар неодамна откриени алгоритми можат да дијагностицираат рак на белите дробови и срцеви заболувања дури и пред лекарите.

Извлекувањето на сите овие лични податоци во единствен предвидлив модел во сопственост на една од најголемите приватни корпорации во светот е решение, но тоа е навистина непривлечно.

Електронските досиеја за здравјето на милиони пациенти во рацете на мал број приватни компании може да им дозволат на таквите како „Гугл“ да ги експлоатираат здравствените индустрии и да има монопол во здравството.

Професионалците од Американската медицинска асоцијација во соопштението признаваат дека комбинирањето на вештачката интелигенција со лекарите може да донесе многу придобивки, но истакнуваат дека AI-алатките мора да задоволат неколку критериуми, вклучувајќи транспарентност и непристрасност.

Поддржете ја нашата работа: