Во Индонезија е пронајдена најгрдата свиња на светот

Научниците во дивината ги направиле првите фотографии на една од најретките и најгрдите свињи на светот.

Свињата со брадавици од Јава е изложена на лов и затоа спаѓа во ранлива категорија, а научниците досега за неа сметале дека е изумрен вид. Скриените камери, поставени низ дивината сепак покажуваат дека малата популација на овие животни сепак преживеала и се наоѓа во сите делови на шумите на Јава.

Тимот од научници кој ја пронајде оваа свиња едногласно тврди дека засега нивната цел е да се заштити природното живеалиште на овој вид. Истражувањето е предводено од страна на Д-р. Јохана Роде-Маргоно од зоолошката градина во Честер, Англија. Вели дека е воодушевена што ги гледа свињите сеуште на ова место.

Направените снимки кои откриваат едно срамежливо и загрозено животно може да ги погледнете тука.

Последната студија за овие низински шумски предели беше спроведена во 2004та година, а откри сериозен пад на популацијата на оваа ретка свиња. “Се плашевме дека сите или повеќето од нив веќе се исчезнати”, вели Роде-Маргоно.

Додека овие влакнести животни се прекриени со брадавици, можеби и не се баш нафотогенични за разлика од оние кои живеат ширум пределите на Јава, но сепак во овој најплоден остров во Индонезија, тие се симбол на растечкиот човечки притисок врз тропската шума.

Свињите го губат своето природно живеалиште поради уништувањето на шумите и урбаниот развој, но исто така се и во директен конфликт со луѓето. Овие животни се сметаат за штетници и често се ловат бидејќи ги напаѓаат земјоделските култури.

“Спортскиот лов исто така е проблем”, вели д-р Роде-Маргоно. Од седумте области кои тимот ги истражувал користејќи ги своите камери, само во три од нив е пронајдена оваа свиња.

Центарот за заштита на шумите во Јава веќе започнал програма за размножување на свињите, а научниците се надеваат дека ќе се најдат некои заштитени предели каде животните можат да бидат пуштени.

“Се уште постои надеж”, вели д-р Роде-Маргоно. “Ако успееме да направиме некои ефикасни проекти за сочувување, можеби ќе може да ги задржиме. За мене, тие не се грди – тие се прекрасни”.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt