Во средновековните гробишта на болницата во Кембриџ пронајден е скелет од маж кој умрел пред повеќе од 700 години. Неговото лице е реконструирано со цел да се открие повеќе за животот на обичните луѓе.
На прв поглед ова лице открива обичен човек од соседството кој по ништо не се одвојува од масата, но ова е маж кој починал во Кембриџ пред повеќе од 700 години. Неговото лице сега е реконструирано од страна на научниците кои ги истражувале средновековните гробишта.
Неговиот скелет бил помеѓу 400 те пронајдени остатоци и се верува дека бил пациент на болницата. исто така се претпоставува и дека бил бездомник, бидејќи истата болница била прибежиште за оние кои немале каде.
Студијата при која е реконструиран неговиот изглед е една од првите во кои се проучува како живееле луѓето во таа доба. Така и скелетот на овој маж покажува дека имал тежок живот и да починал на околу 40 годишна возраст.
Човекот имал јак скелет и доста траги кои покажуваат дека човекот многу работел – вели професор Џон Роб од Кембриџ, кој работел на реконструкцијата. Тој исто така додава дека не се знае што поточно работел, но сигурно бил специјализиран за некој занает.
Анализата на скелетот покажала дека човекот често се хранел со риба и месо, што сугерира дека се занимавал со работа која му овозможувала да јаде сиромашна храна која му била лесно достапна. Неговите заби покажуваат дека бил тешко болен или гладувал, а на черепот откиен е силен удар од тежок предмет кој ја предизвикал смртта.
Она што е необично кај неговите посмртни остатоци е тоа што биле пронајдени со лицето надолу, но Роб објаснува дека луѓето како него сакаат да истражуваат, но не за вакви работи. Имено повеќето записи се за богатите луѓе.
Тој додава дека луѓето, што повеќе биле сиромашни, помали се изгледите дека некој некаде запишал писма за нив. Затоа ваквите скелети се повод и прилика да се научи нешто за нивниот тежок живот.