Запознајте го Хитлеровиот најголем туристички ресорт во светот

Три години пред започнувањето на втората светска војна, Хитлер наредил изградба на најголемиот туристички ресорт во светот, место каде нацистите требало да ги поминат своите денови за одмор.

Започнувањето на војната како и нејзиниот исход му ги помати плановите на Хитлер така овој комплекс остана запуштен со децении се до одлуката во 2013 истиот комлетно да се реновира и да се претвори во луксузно туристичко место.

Комплетното завршување и обновата на комплексот се очекува да заврши во 2022 иако апартмани и летни куќички веќе се на продажба.

Цените на апартманите се движат од 300 до 700 илјади евра

Ресортот се наоѓа на германскиот остров „Rügen“ на балтичкото море и се протега на површина од преку 5 километри.

Комплексот кој нацистите го викале „Prora“ бил еден од Хитлеровите најголеми проекти и бил дизајниран да прими преку 20.000 луѓе истовремено

Во неговата изградба се проценува дека биле вклучени преку 9000 работници од кои одреден дел биле на присилна работа

За време на војната било прибеглиште на избеглици за да по доаѓањето на Црвената армија се претвори во воена база.

„Сега е толку убаво и посетителите се воодушевени и сакаат да доаѓаат и да уживаат во убавините“ изјави „Manfred Hartwig“ портпаролот на компанијата која го реновира објектот

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt