Во научната студија на Канадскиот институт за клинички испитувања, објавена во списанието Лансет, се зборува дека луѓето кои живееле во област оддалечена 50 метри од прометна сообраќајница имале 7% поголеми изгледи да заболат од деменција во однос на луѓето кои живееле на оддалеченост поголема од 300 метри.
Поентата е во тоа што загадувањето на воздухот доаѓа во крвотокот и предизвикува воспаленија поврзани со кардиоваскуларните болести и дијабетес. Покрај тоа, ваквите честички од крвотокот, можат да дојдат и до мозокот и да предизвикаат невролошки проблеми.
Болестите на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест, предизвикуваат деменција. Алцхајмерова болест значи напуштање на мозочните клетки и нарушување на меморијата, снаоѓање во просторот и неспособност за вршење на секојдневните активности.
Според податоците на Светската здравствена организација во 2015 година, 47,5 милиони луѓе страдаат од деменција.
Направено било истражување на 6.5 милиони жители на Онтарио, на возраст од 20 до 85 години, анализирајќи ги луѓето кои ги обележале дека боледуваат од деменција со оглед на оддалеченоста на нивното живеалиште од главните патишта.
Ризикот од деменција бил зголемен за 4% кај жителите кои живееле на 50-100 метри оддалеченост, додека за 2% кај оние кои живееле на 101-200 метри од прометна улица. На поголема оддалеченост ризикот воопшто не постоел.
Интересно е тоа што биле анализирани и двете нарушувања поврзани со деменција; Паркинсоновата болест и мултиплекс склероза, но не е утврдена врска со животот во близина на густ сообраќај.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























