Дали знаете зошто земјата после дожд го има оној познат карактеристичен мирис?
Специфичниот мирис кој се испушта од земјата откако ќе се натопи со дожд е наречен петрикор. Тоа име е дадено од страна на двајца австралиски истражувачи во шеесеттите години од дваесеттиот век. “Петра” на грчки значи камен, додека “икор” се однесува на збор од митологијата – течност која тече низ вените на грчките богови.
На крајот, имено се докажало дека за тој специфичен мирис се одговорни бактериите кои живеат во земјата. Изабел Беар и Ричард Томас, во тоа време за списанието “Nature” појасниле дека мирисот доаѓа од растителните масла кои ги апсорбирале земјата и камењата.
Кога дождот ќе ја натопи земјата и ова масло дојде во контакт со водата, се ослободува еден продукт од бактерии, наречен геозмин.
Геозмин (од грчки “мирис на земјата”) е она што го носи тој специфичен мирис, а е одговорен за познтиот “земјести” вкус на цвеклото.