Познати по своите брзи долги бродови и крвави упади, Викинзите долго време се поврзуваат со брутално и претерано насилство. Помеѓу осмиот и 11-тиот век, овие групи ги напуштиле своите нордиски татковини за да се стекнат со богатство преку трговија и грабежи низ Европа.
Посебно бил озлогласен таканаречениот „крвав орел“, ѕверски ритуал за кој се вели дека овие воини го правеле над своите најомразени непријатели. Ритуалот наводно вклучувал отворање на грбот на жртвата и отсекување на ребрата од ‘рбетот, после што се ваделе белите дробови.
Движењето на белите дробови распространети над отворените ребра наводно личело на движењето на птичји крилја – оттука и ‘орелот’ во името.
Проекциите на ритуалот неодамна беа претставени во ТВ серијата „Викинзи“ и видео играта Assassins Creed: Valhalla, како и во шведскиот хорор филм Midsommar од 2019 година.
Со децении, истражувачите го отфрлаа крвниот орел како реалност и тврдеа дека е само мит.
Ниту еден археолошки доказ за ритуалот никогаш не бил пронајден, а самите Викинзи не воделе никакви записи, наведувајќи ги нивните достигнувања само во говорната поезија и сагите кои првпат биле запишани неколку векови подоцна. Така, крвавиот обред е отфрлен како неверојатен, резултат на повеќекратните недоразбирања на сложената поезија и желбата на христијанските писатели да ги насликаат своите нордиски напаѓачи како варварски незнабошци.
Сепак, една нова студија зазема сосема нов пристап кон ова прашање. Тим истражувачи, составен од медицински експерти и историчари, го заобиколи долгогодишното прашање „дали крвниот орел навистина некогаш се случил?“, прашувајќи наместо тоа: „Дали тоа реално би можело да се изведе?“. Одговорот е јасно – да.
Претходните студии за крвавиот орел отсекогаш се фокусирале само на деталите од средновековните текстуални извештаи за тортура, со долги дебати кои се концентрирале на точните термини што се користат за да се опише „сечење“ или „режење“ на грбот на жртвата.
Користејќи ги современите знаења од анатомијата и физиологијата, со детално преоценување на девет средновековни извештаи за ритуалот, бил истражувавн ефектот што крвниот орел го има врз човечкото тело. Она што е откриено е дека самата процедура е биде тешка, но далеку од невозможна за изведба, дури и со технологијата од тоа време.
Веројатно одреден тип на копје можело да се користи како импровизирана алатка за брзо „откопчување“ на ребрата од задната страна. Таквото оружје би можело да биде изложено дури и на камениот споменик пронајден на шведскиот остров Готланд, каде што сцена врежана во камен прикажува нешто што би можело да биде крвав орел или некоја друга егзекуција.
Дополнително, тимот утврдил дека дури и ако ритуалот бил внимателно изведен, жртвата би умрела многу брзо. Затоа, сите обиди за преобликување на дробовите во „крилја“ или нивно отстранување би можело да бидат извршени само на мртво тело. Споменатото „летање“ не можело да се случи.