Во објектот на „CERN“: Ритуал со жртвување луѓе? (Видео)

Европската организација за нуклеарно истражување (CERN) е најпозната по Големиот хадронски судирач – најголемиот и највисокоенергетскиот забрзувач на честички во светот, со цена на чинење од 9 милијарди американски долари и нивното откритие од 2012 година кога го открија хигсовиот бозон.

Меѓутоа деновиве се појави чудно видео на „Youtube“ каде во кругот на „CERN“ одредена група маскирани луѓе изведуваат некој ритуал што завршува со човечка жртва.

Официјалните претставници на „CERN“ моментално водат истрага за да ги откријат сите актери и учесници во ова видео за кое велат дека е снимено без нивно знаење и дозвола, меѓутоа исто така тврдат дека никој не е загинат и дека се работи за „PRANK“ или морбидна шега на група луѓе што имале пристап до ова место.

Пристап до кругот на „CERN“ имаат луѓето од обезбедувањето и вработените инженери и научници.

https://www.youtube.com/watch?v=WsgZxKZo2WI

Поддржете ја нашата работа: