Една од водечките компании кандитати за изнаоѓање на успешна вакцина во борбата со „COVID-19“ болеста е и компанијата „Moderna“ која штотуку ги објави своите прелиминарни резултати, каде што тврдат дека нивната вакцина постигнува 95% заштита .
Пред неколку дена слични резултати објави и компанијата „Pfizer“ која во соработка со германскиот „BioNTech“ презентираа прелиминарни резултати каде нивната вакина е со ефективност поголема од 90%.
„Ова е клучен момент во развојот на нашата кандидат вакцина за борба против COVID-19“ , рече извршниот директор на „Модерна„ , Стефан Бансел во соопштението за медиумие.
„Овие резултати се прва клиничка валидација дека нашата вакцина може да ја спречи болеста „COVID-19“
Другата добра вест што доаѓа од „Модерна“ покрај 95% успешност е температурата на транспортирање и складирање.
Оваа вакцина ќе може да се транспортира и чува на температура од 2-8 степени целзиусови и е многу попрактична за употреба во однос на вакцината на „Pfizer“ која бара специјални садои и фрижидери кои треба да обезбедат стабила температура од фантастични минус 70 сепени целзиусови , опрема што дури и најбогатите и најразвиени држави на планетата не ја поседуваат.
Добрата вест е што вакцината на „Модерна“ ќе може да се чува и транспортира на температури од 2-8 степени целзиусови и е многу попрактична за употреба во однос на вакцината на „Pfizer“ која бара специјални садови и фрижидери за транспорт и чување кои треба да обезбедат стабилни температури од минус 70 степени целзиусови, опрема и можности што и најбогатите држави во светот не ја поседуваат.