(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од јадранскиот бисер, слични не се паметат со години!

YouTube/Snapshot

Сушните зимски временски услови ја поттикнаа загриженоста дека Италија е изложена на ризик од нова суша по алармантната состојба минатото лето, научниците и еколошките здруженија велат дека главната причина е тоа што на Алпите има помалку од половина од нормалното количество снег. Венеција, каде што поплавите се главен проблем, се соочува со невообичаено ниска плима што ги спречува гондолите, водените такси и возилата за итни случаи да пловат по каналите, пренесува The Guardian.

За проблемите во Венеција се обвинуваат комбинација од фактори, вклучувајќи недостаток на дождови, висок воздушен притисок, полната месечина и океанските струи. Групата за заштита на животната средина „Легамбиенте“ објави во понеделникот дека италијанските реки и езера страдаат од сериозен недостиг на вода, а северните региони на земјата се особено загрозени.

– Најдолгата италијанска река По, која тече од Алпите на северозапад сè до Јадранот, во овој период од годината има 61 отсто помалку вода од вообичаеното, се наведува во соопштението.

Во јули минатата година Италија ја претрпе најголемата суша во последните 70 години и прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, кои сочинуваат околу една третина од земјоделското производство во земјата.

– Вододефицитната состојба започна во зимата 2020/2021 година и оттогаш проблемот расте. Ни требаат 50 дена дожд за да ги надоместиме 500 мм во северозападните региони, изјави експертот за клима Масимилијано Паски од италијанскиот научно-истражувачки институт CNR.

Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија падна на рекордно ниско ниво, што овозможува пеш да се стигне до малиот остров Сан Бјаџо. Антициклон доминира во времето во Западна Европа веќе 15 дена ѝ носи благи температури кои вообичаено се забележуваат кон крајот на пролетта. Најновите временски прогнози го најавуваат доаѓањето на многу потребните врнежи и снег на Алпите во наредните денови.

Поддржете ја нашата работа: