Дивите свињи од Чернобил со години се мистерија. Додека радиоактивноста на елените во областа очекувано се намалила во текот на децениите, радиоактивноста на дивата свиња останала изненадувачки висока.
Научниците конечно откриле дека овие украински свињи не само што биле изложени на зрачење од катастрофата во 1986 година, туку и од атомското тестирање во 60-тите години.
Научници од Универзитетот во Виена и од Универзитетот во Хановер ја решиле оваа радиоактивна загатка во 2023 година користејќи напредни методи на мерење. Катастрофата во Чернобил во 1986 година ослободила значителни количини цезиум-137, радиоактивен изотоп со траење од нешто повеќе од 30 години. Откако поминале повеќе од три децении од инцидентот, нивото на изотопот се очекувало да се намали за најмалку 50 проценти.
Едноставно не може да се открие
Сепак, овие очекувани намалувања не биле забележани кај месото од дива свиња – нивоата на радијација останале речиси непроменети во последните 30 години. Користејќи попрецизни мерења, тимот открил дека се работи за уште еден сличен изотоп: цезиум-135, кој има многу подолг век. Овој изотоп е тешко да се измери бидејќи ретко се распаѓа.
– Поради долгиот век и реткото распаѓање, не можете едноставно да го откриете со детектори за зрачење. Мора да работите со масена спектрометрија и да преземете големи чекори за прецизно да го разликувате од другите атоми. Успеавме во тоа – објаснил професорот Георг Штајнхаузер, експерт за зрачење.
Станало јасно дека дивите свињи од Чернобил се полни со цезиум-135, поради што нивното месо е сè уште високо радиоактивно. Меѓутоа, се поставува прашањето зошто се зафатени дивите свињи, а елените и другиот дивеч не.
Прашање на исхрана
Најверојатно се работи за исхраната на дивите свињи, која вклучува тартуфи, печурки кои се наоѓаат на 20 до 40 сантиметри под земја. Цезиумот тоне во земјата многу бавно, па подземните тартуфи дури сега почнале да го апсорбираат цезиумот ослободен во несреќата во Чернобил.
Поради оваа двојна доза на зрачење со бавно ослободување, нивоата на контаминација кај дивите свињи останала релативно константна со децении, додека другиот дивеч во Чернобил успеал да закрепне, па дури и да напредува.
– Нашата работа покажува колку можат да бидат сложени односите во природните екосистеми, но и дека одговорите на таквите загатки може да се најдат доколку вашите мерења се доволно точни – објаснил Штајнхаузер.