(ВИДЕО) Најопасниот остров на светот! Посетите се строго ограничени, а без водич може да ви преостане само 1 час живот

Бразилскиот остров Илја да Кајмада Гранде (Ilha da queimada grande) се протега на околу 430 квадратни метри и е дом на повеќе од 4.000 најотровни змии на светот. Според пресметките, на секој квадратен метар има по една од нив. По боја се златно-жолти, а нивата должина може да достигне до два метра. Познавачите на овие видови тврдат дека од каснувањето на оваа змија се умира за околу еден час. Локалната легенда вели дека на островот змиите ги донесле гусари кои на тој начин сакале да го заштитат своето богатство. Сепак, вистината е сосема поинаква. Пред околу 11.000 години нивото на морето се зголемило и овој остров се изолирал од копното. Змиите коишто се нашле на него продолжиле да се размножуваат без да бидат загрозени од природни непријатели и низ вековите го пренаселиле целиот ограничен простор. Се хранат со птици кои се редовни посетители на ова парче земја.

Бразилската влада мошне строго ги контролира посетите на островот и никому не е дозволено да го посети без лекар и стручен тим.

Поддржете ја нашата работа: