Откриената плоча во црквата на Светиот гроб во Ерусалим, со својата орнаментика, ги наведе научниците да заклучат дека дошле до важно откритие, кое носи посебна симболика за христијаните.
Потпрена на ѕидот во задниот ходник на ерусалимската црква на Светиот гроб, на камената плоча аџиите со векови врежувале по нешто, за да остават свој белег на ова, за христијаните, свето место. Тие не ни претпоставувале дека нејзината задна страна се крие тајна стара неколку векови.
Каменот со димензии 2,5 х 1,5 м, ја покажал својата вистинска важност кога при неодамнешните работи во црквата била откриена неговата „опачина“, јавуваат локалните медиуми.
Истражувачите веруваат дека сложените орнаменти пронајдени на досега скриениот дел од плочата укажуваат на тоа дека некогаш била преден дел на висок олтар од средниот век.
„Сега не може да се види, но гравурите првично беа исполнети со парчиња фин мермер и стакло“, рече Амит Рим, археолог од Ерусалим од израелската управа за антиквитети.
„Беше неверојатно, што го прави навистина посебен артефакт“, вели Рим, кој го предводеше истражувањето заедно со Илја Берковиќ од Австриската академија на науките.
Тие идентификувле уникатен метод на украсување, кој ги комбинира класичната, византиската и раната исламска уметност и во кој фино исечените шарени мермерни плочки се користеле за пополнување на кружни гравури на камен.
„Камената плоча стоеше на олтарот на црквата (Светиот гроб)“, објаснува Рим.
„Очите на верниците и аџиите беа насочени кон оваа плоча, додека свештениците служеа литургија веднаш над неа“, додаде тој.
Слично украсени жртвеници биле пронајдени во римските цркви од 12 и 13 век.
Експертите веруваат дека реликвијата во Ерусалим временски соодветствуваат со претходните археолошки наоди и извештаи за аџии од периодот на осветувањето на црквата од страна на крстоносците и формирањето на нејзиниот главен олтар во текот на 1149-ттата година.
Олтарот го користело католичкото свештенство за време на мисата, додека крстоносците не го напуштиле Ерусалим, соопшти Рим. Подоцна бил користен од Грчката православна црква додека не бил оштетен во пожар во 1808 година. До неодамнешното реновирање, камената плоча беше заборавена.
Наодите се направени од страна на израелското истражувачко друштво.