(ВИДЕО) Опасност под вечниот мраз! Ни се закануваат ли мистериозни вируси од леденото време?

Топењето на мразот поради високите температури создаде загриженост кај научниците, а некои од нив стравуваат дека доколку сè околу нас продолжи да се топи, би можеле да започнат да нè прогонуваат неистражени вируси од далечното минато.

„Топењето не само што ќе доведе до губење на овие древни, ‘архивирани’ микроорганизми и вируси, туку ќе ги ослободи во нашата животна средина“, пишуваат истражувачите во новата студија објавена во „Микробиом“, а предводена од микробиологот Пинг Јонг од Охајо.

Во новата студија, спроведена на ледената капа Гулија, на Тибетското плато, тимот идентификувал десетици уникатни вируси стари по 15.000 години и се обидува да добие увид во нивните функции. Овие глечери се формирале постепено и во нив заедно со правта и гасовите се населиле и многу вируси, изјавил Јонг.

Во рамките на овие замрзнати записи, истражувачите откриле дека 28 од 33 вируси што ги идентификувале никогаш порано не биле истражени.

Поддржете ја нашата работа: