По повод 200 години од создавањето на „Кралството Елада“ сакам да го споделам документарниот филм од грчка продукција во која не се крие и се опишува во целост начинот на кој е формирана една вештачка уникатна држава со помош на фабрикувана историја , идентитет и општество и тоа под покровителство и режија на големите сили.
Документарниот филм во целост го опишува националниот инженеринг и бескрупулозноста на грчкиот национализам, помогнат од сонот на европските држави за антиквизација и создавање на историја по нивен терк.
Лаги, геноцид и историски неправди се основата на која е основана грчката држава.
Големото прашање е зошто оваа историја и историски факти не најдоа соодветно место во нашите медиуми, научни кругови и политика и дали истите намерно се цензурираа и не се употребуваа како аргументи во борбата за зачувување на независна и самостојна Република Македонија.
Сметам дека секој човек треба да го погледне овој филм барем неколку пати со цел подобро да ги разбере процесите на настанување на новите држави и нации во европа и преку истиот да направи паралела за денешните односи и релации помеѓу државите , народите и големите сили.
Дали целта ги оправдува средствата ?