Истражувачот д-р Фион Вајсум Ма тврди дека тоа е „најдобро зачуваниот ембрион на диносаурус кој некогаш бил пронајден во историјата“.
Научниците објавија откритие за совршено сочуван ембрион на диносаурус кој се подготвувал да се изведе од јајце.
Ембрионот е откриен во Ганжу на југот на Кина, а истражувачите проценуваат дека е стар најмалку 66 милиони години, пренесува National Geographic.
Се верува дека е теропод диносаурус без заби или овирапторосаурус, а го нарекоа Бебе Џинглијанг.
Откритието, исто така, им овозможува на истражувачите подобро да ја разберат врската помеѓу диносаурусите и модерните птици. Фосилот покажува дека ембрионот бил во свиткана положба позната како „повлекување“, што е однесување што постои кај птиците непосредно пред да се изведат.
„Ова покажува дека таквото однесување кај современите птици потекнува од нивните предци диносауруси“, изјавил д-р Ма.
Овирапторосаурусите, што значи „гуштери што крадат јајца“, биле диносауруси со пердуви кои живееле во денешна Азија и Северна Америка за време на доцниот период Креда – пред 100 до 66 милиони години.
Професорот палеонтолог, Стив Брусат, кој исто така е дел од истражувачкиот тим, на Твитер напиша дека тоа е „еден од најневеројатните фосили на диносаурус“ што некогаш ги видел и оти ембрионот се наоѓал во фаза непосредно пред ведење.
Бебето Џинглијанг е долго 27 сантиметри, мерено од глава до опашка е долго околу 15 сантиметри, а веќе се наоѓа во историскиот музеј Џинглијанг во Кина.
Јајцето првпат било откриено во 2000 година, но се чувало 10 години.
Дури кога започнале градежните работи на музејот и кога биле сортирани старите фосили, истражувачите обрнале внимание на него и се посомневале дека внатре има ембрион.