Знаете ли кој период бил најлош за живот во историјата на човештвото?

Кое било најлошото време за живеење? Ова прашање беше случајно отворено од една неодамнешна историска студија која се обидувала да разбере како се променил европскиот монетарен систем по падот на Западното Римско Царство. Истражувачите барале докази за загадување од обработката на среброто во ледените јадра длабоко во европските Алпи и дошле до секакви сознанија за природните катастрофи и климатските промени низ вековите, пренесува National Geographic.

„Едно беше јасно: периодот по 536 година бил проклет, мизерно време за живеење. Тоа било почеток на најлошиот период за живеење, а 536 можеби најлошата година“, вели творецот на студијата, Мајкл Мекормик, историчар од Харвард.

Таа ера била навистина мрачна! Не поради крвавите војни и злобните болести, туку поради екстремните временски услови кои довеле до масовно ширење на гладот. Некои од доказите укажуваат на „вулканска зима“, кога пепелта и прашината исфрлени од вулканска ерупција го прекриле сонцето формирајќи „мистериозен облак“.

Никој не е сигурен кој вулкан е виновен за оваа зима, но долго време многу научници се сомневаат во вулканот Илопангу во Ел Салвадор. Сепак, оваа нова студија укажува дека виновникот е ерупцијата на вулканите на Исланд, бидејќи леденото јадро во Европа содржи вулканско стакло кое е хемиски слично на честичките кои се наоѓаат низ Европа и Гренланд.

Без оглед на вулканот, неговите ефекти биле широко распространети. Во Кина во текот на летото паѓало снег, а големи суши го погодиле Перу. Во меѓувреме, галските анали зборуваат за „неуспехот на пченицата во 536 година“. Се чини дека немало агол на Земјата што не ги претрпел последиците од големиот вулкански облак. За стравот и гладот ​​предизвикани од магливото затемнување на сонцето пишувал и Прокопиј, византиски историчар.

Мини леденото доба предизвикало и многу социјални проблеми. Некои истражувачи тврдат дека последиците од вулканската ерупција од 536 година биле толку длабоки што уништиле цели империи. Како што е забележано во студија од 2016 година, векот по вулканската ерупција како да го претскажал падот на Персиската империја, падот на Источното Римско Царство, политичките пресврти во Кина и многу други случаи на крвави социјални немири во Евроазија.

Сè на сè, страшно време за живеење…

Поддржете ја нашата работа: