Зошто во зима најмногу се дебелееме? Храна, неактивност или…

Зимата е период од годината кога таложиме најмногу несакани килограми, што може да биде многу фрустрирачко за оние кои се обидуваат да јадат исто во текот на целата година. Но, постојат три едноставни причини зошто е тоа така:

СЛАТКО

Го сакале ние тоа или не, во зима се подготвуваат повеќе колачи поради многубројните празници и достапни ни се буквално каде и да се појавиме… а самоконтролата, знаете и сами, лесно се губи кога ќе здогледате некој колач или торта што ја обожувате.

МЕТАБОЛИЗАМ

Во текот на зимата метаболизамот се убрзува и не функционира онака како што сакаме. Метаболизамот се убрзува во најстојувањето да обезбеди што повеќе енергија за телото да може да произведе топлина. Телото во зимските месеци бара повеќе храна за ги задоволи зголемените потреби за енергија и тука лежи еден од клучевите за зголемување на телесната тежина – повеќе храна, помалку движење.

ЗИМСКА ДЕПРЕСИЈА

Иако можеби ја немате дијагностицирано, тоа не значи дека немате некои од нејзините симптоми. Тмурното време и недостатокот на дневна светлина значајно влијаат на расположението, а со тоа задолжително доаѓа и склоноста кон помасна храна.

Поддржете ја нашата работа: