ИМАТЕ БЕЛИ ТОЧКИ НА НОКТИТЕ? Што тоа значи и колку е опасно

Др. Спенсер Крол, дерматолог наведува дека е важно лекарот при преглед да погледне и како изгледаат ноктите на пациентот. “Тоа е критичен момент за дијагноза, тој прв поглед поглед на ноктите, а многу нешта може да откријат и текстурата и бојата“, додава лекарот.

Леуконихија е името за појавата на бели дамки и линии на ноктите или бело обезбојување на ноктите, а може да станува збор за безопасна промена или за многу сериозна болест, но за среќа тоа е многу ретко.

ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЧИНАТА ЗА ОВАА ПОЈАВА:

Траума на ноктот

Ако сте го удриле ноктот од нешто тврдо, може да се развијат бели дамки на ноктот, а понекогаш е потребно повеќе време промената да исчезне. Доколку ви се чини дека предолго не поминува, обратете се кај вашиот лекар.

Маникир, вештачки нокти и третмани

Можеби и вие сте уживале во прекрасно средени нокти, за подоцна да сфатите дека така сте оштетиле некој нокт? Д-р Крол вели дека може да се работи за алергиска реакција на нешто што се нанесува на ноктите, а и лепакот што се става, може да предизвика траума.

Габички

Габичната инфекција на ноктите (онихомикоза) спаѓа меѓу долготрајните и упорни инфекции, а се карактеризира со промена на бојата на ноктот (станува белузлав, жолтеникав или кафен), негово задебелување и кршливост, независно дали се работи за ноктите на стапалата или рацете. Секако побарајте лекарска помош.

Псоријаза и егзем

“Ноктите се продолжеток на кожата, а всушност се и еден вид на кожа, па некои состојби што ќе и наштетат на кожата, може да им наштетат и на ноктите“, истакнува д-р Емануел Лукас, дерматолог. Псоријаза, егзем, осип и црвенило може да се манифестираат и на ноктите.

КОВИД-19

Еден од новооткриените симптоми на КОВИД-19 ги ​​вклучува и ноктите на прстите и нозете. Промените на кожата познати како “ковид прсти“ на стапалата може да бидат несакан ефект од борбата на имуниот систем против вирусот, покажа новото истражување. Д-р Крол објаснува дека симптомите често вклучуваат црвени прсти, но и појава на бели дамки на ноктите.

Недостаток на витамини и минерали

Недостатокот на витамин Д, калциум и цинк може да го предизвика овој проблем, а бидејќи пациенти со недостаток на витамини и минерали се се почести во последниве години, тој советува да се направат крвни анализи за да се потврди или отфрли како причина. Д-р Лукас смета дека има многу контроверзии околу овие заклучоци, но општо земено, калциумот и недостатокот на други минерали може да ја предизвикаат оваа состојба на ноктите.

СЕРИОЗНИ СОСТОЈБИ

Ретко, но белите дамки на ноктите можат да бидат симптом на посериозна состојба, како што се автоимуни заболувања, срцеви заболувања, откажување на бубрезите. Д-р Крол советува добро да ја набљудувате состојбата и да разговарате со вашиот лекар. Симптоми кои можат да откријат дека се работи за нешто посериозно се отежнато дишење, болка во градите и отечени зглобови. Тој наведува дека треба да погледнете некои други знаци кои би можеле да ги придружуваат белите дамки на ноктите како кршливост на ноктите, промена на бојата и линии на ноктите.

Поддржете ја нашата работа: