Исчезнат брод пронајден во езерото Супериор по 130 години

Иако некогаш се мислеше дека е засекогаш изгубен, 130 години старите остатоци од бродот Атланта конечно се откриени на дното на езерото Супериор во Мичиген.

Остатоците од бродот, долг околу 55 метри, се пројандени за време на мапирање на дното на езерото во летото 2021 година.

Според Кори Адкинс, директор за комуникации на Асоцијацијата за истражување, задоцнетото објавување на откритието е со цел да се даде контекст на времето во кое потонал Атланта.

Носејќи товар јаглен, Атланта потонал за време на бура на 4 мај 1891 година.

Седумчлениот екипаж се натоварил во чамец за спасување и веслале со часови додека не пристигнале во станицата за спасување во Крисп Поинт. Сепак, при обидот да го закотват чамецот во близина на станицата, тој се превртел и само двајца членови безбедно стигнале до брегот.

Зачувани од студот

Сликите од бродоломот направени од ROV (Remote Operated Vehicle) покажуваат остатоци од тркало, тоалети и скршени јарболи.

Според Брус Лин, извршен директор на Агенцијата, потонати бродови кои можат јасно да се идентификуваат по толку долго време се ретки. Потонатиот брод е особено добро сочуван благодарение на студените води на езерото Супериор.
„Навистина е раскошен и сè уште прекрасен по 130 години на дното на езерото“, рекол Лин.

Преживеаните своевремено сведочеле дека сите три јарболи се откинале за време на бурата, а сликите од остатоците ги поткрепуваат тие тврдења.

Таблата со името на Атланта, сепак, е недопрене и видлива. Потеклото на името на бродот, кое се совпаѓа со она на главниот град на државата Џорџија оддалечено стотици милји, останува нејасно.

Музејот планира да направи изложба за Атланта, на која ќе бидат изложени предмети од потонатиот брод.

Поддржете ја нашата работа: