Како звучи роверот „Perseverance“ кој што веќе еден месец е на мисија на Марс?

Најновиот ровер на НАСА сними удио запис за неговото првото возење на Црвената планета и со тоа даде потполно нова димензија на истражувањата на Марс. 

Снимката е направена на 7 март, а е снимена со микрофон ЕДЛ додека Персеверанс се движи во кретерот Језеро. На видеото е можно да се слушне тркалањето на тркалата по површината на Марс, како и чукање и крцкање, пишува во објавата на официјалната веб-страница на НАСА.

„На многумина не им се допаѓа тоа што роверот има метални тркала, но треба да се земе предвид дека се движи по карпи и поради тоа неговото движење е многу бучно“, вели Ванди Верма, постар инженер од Јужна Калифорнија, Лабораторијата на НАСА за млазен погон.

Персеверанс ни овозможи да ги слушнеме првите звуци од Црвената планета, а покрај звукот на движењето на роверот, друг микрофон кој е дел од SuperCam инструментот го сними звукот на ветерот на Марс, а исто така и звукот на ласерската операција.
НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.