Кина утре ќе го лансира вселенскиот брод „Шенжу-15“ со тричлен екипаж

Reuters

Од Центарот за лансирање сателити во северозападна Кина утре се очекува да биде лансирано кинеското вселенско летало „Шенжу-15“ со тричлен екипаж до својата вселенска станица, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција, јави Ројтерс.

Тројцата тајконаути (како што Кина ги нарекува своите астронаути) Феи Џунлунг, Денг Чингминг и Џанг Лу ќе останат во вселенската станица шест месеци. Тие ќе минат кус период на станицата заедно со останатите тројца кинески тајконаути од „Шенжу-14“ кои се подготвуваат за враќање на Земјата, а кои пристигнаа во станицата на почетокот на јуни годинава.

„За време на престојот, екипажот од ‘Шенжу-15’ ќе го пречека товарниот брод ‘Тианжу-6’ што ќе го посети и ќе го предаде вселенскиот брод со екипаж ‘Шенжу-16’ и планира да се врати на кинеското место за слетување Донгфенг во мај следната година“, изјави Џи Чиминг, портпарол во Кинеската вселенска агенција.

За првпат кинеската вселенска програма овојпат ќе има две летала со екипаж во вселената истовремено, што секако е предизвик, оценуваат кинеските медиуми.

Поддржете ја нашата работа: