Истражувачите од МИТ и Харвард дизајнираа носиви биосензори и можат да откријат присуство на коронавирусот во здивот на една личност. Маските се активираат со копче, а резултатите од тестовите за COVID-19 се даваат во рок од 90 минути во едноставен формат сличен на оној што се користи зо тестовите за бременост.
Според истражувачите од Институтот Вис за биолошки инспириран инженеринг, маската може да дијагностицира КОВИД-19 исто толку точно како и стандардните дијагностички тестови.
Се чини дека само небото е граница за оваа технологија бидејќи може да се прилагоди за откривање на широк спектар на други вируси, бактерии и токсини, пишува Daily News.
„Целата дијагностичка лабораторија ја смаливме и ја претворивме во мал сензор што може да работи на која било маска за лице. Сензорот комбинира високо-прецизни PCR-тестови со брзината и исплатливоста на антигените тестови “, вели Питер Нгуен, истражувач од институтот Вис.
„Освен во маските за лице, нашите биосензори можат да бидат интегрирани во други алишта и може да обезбедат откривање на опасни материи при движење. На овој начин, би било можно да се детектираат вируси, бактерии, токсини и хемикалии при одење “, објаснува Нгуен.
Оваа технологија се заснова на дијагностика што прво се примени за откривање на вирусот ебола и зика, а е развиена од професорот по инженерство на МИТ, Џејмс Колинс.