ЛАЖНИ ковид потврди се шират низ Европа – вклучена и мрежа корумпирани лекари!!!

Лажни „Ковид“ потврди се продаваат преку Интернет за само 100 фунти откако Велика Британија во понеделникот ги отвори границите за целосно вакцинирани туристи, пишува британски „Сан“.

Како што се наведува во текстот, криминалците печатат фалсификувани европски и американски документи во соработка со меѓународна мрежа на корумпирани лекари кои внесуваат лажни податоци за вакцинација во националните бази на податоци.

Пораки на апликацијата Телеграм откриваат дека сертификат за вакцинација може да добие секој што не сака да прима вакцина, a му е потребен за работа или патување.

Уплатата се вршела преку Пеј Пал сервисот или со крипто валути.

Еден од измамниците што продаваaт сертификати навел дека секој сертификат е регистриран и автентичен и оти јасно покажува дека лицето е вакцинирано и внесено во државната база, со валиден идентификациски  број.

Откако објаснил дека со помош на оваа документација може да се влезе во неколку различни земји, додал дека се работи на пристап и до медицинските системи во други земји.

Новинарите од Сан откриле шест такви криминални групи, со вкупен број од околу 230.000 следбеници ширум светот.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, изјавил дека „не може да гарантира“ оти по отворањето на границите нема да има влез во земјата со лажни документи, но дека тоа е „малку веројатно“.

Извор: The Sun

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.