Лековите за слабеење делуваат, но има и лоши вести

pixabay

Како дел од борбата против дебелината, многу надеж се полага во лековите за слабеење, но има сѐ повеќе докази дека изгубената тежина едноставно се враќа откако поединецот ќе престане да ги зема овие лекови.

Значително зголемување на телесната тежина е забележано кај пациенти кои земале лек tirzepatid, за третман на дебелина кога им било дадено плацебо по 36 недели од земањето гореспоменатите лекови, покажаа резултатите од студијата објавена во списанието Jама.

Тирзепатид е одобрен за третман на дебелина во Соединетите Американски Држави, но во другите делови на светот, вклучително и земјите-членки на ЕУ, може да се користи само за третман на дијабетес тип 2.

Овој тип на лек се смета за уште поефикасен од семаглутидот, кој почесто се користи во борбата против дебелината во земјите каде што тирсепатидот сѐ уште не е одобрен.

Како и во случајот со семаглутид, учесниците во студијата со тирзепатид морале да се придржуваат до план на исхрана и да се занимаваат со физичка активност, според нивните можности и возраст.

Во истражувањето учествувале 670 пациенти од повеќе земји во светот. Сите тие биле со прекумерна тежина или се бореле со вишокот на телесна тежина на почетокот на студијата.

Научниците објавија дека по 36 недели терапија, испитаниците изгубиле во просек околу 21 отсто тежина. На некои од нив и после тоа им била препишана активната состојка на лекот, а до 88-та недела од студијата изгубиле дополнителни 5,5 отсто од тежината.

Истражувачите на втората група учесници во студијата и дадоа само плацебо по првата фаза.

Се испостави дека оваа група повторно се здебелила до крајот на студијата, но треба да се напомене дека во текот на целиот период на истражување, сè уште е забележано губење на тежината од околу 10 проценти меѓу испитаниците.

Авторите истакнуваат дека резултатите од нивната студија укажуваат дека терапијата треба да се продолжи доколку се сака да се избегне враќање на старата тежина.

Најмалку пет студии од различни класи на лекови, вклучувајќи ја и оваа, покажаа дека постои повеќе од јасен ефект на „јо-јо“ по прекинот на терапијата. Лекот користен во една од споменатите студии исто така беше семаглутид.

Авторите заклучуваат дека ќе бидат потребни дополнителни студии за подобро да се разберат потенцијалните долгорочни придобивки, но и ризиците од ваквите краткорочни терапии.

 

Поддржете ја нашата работа: