Иако љубовта не е математика, а чувствата мошне тешко се опишуваат со бројки, група научници од еден институт што се занимава со меѓучовечките односи, успеале да пронајдат математичка формула која, како што тврдат, би требало да открие колку е цврста вашата љубовна врска и колку ќе (или нема) да потрае.
Сакате ли да дознаете дали вашата љубов е онаа вистинската, земете моливче и хартија и потсетете се на основните математички правила.
Формула за љубов:
L=8+5Y-2P+9Hm+3Mf+J-3G-5 (Sm-Sf) 2+I+1,5C
Варијабли:
L= резултат т.е предвидено траење на вашата врска изразено во години
Y= број на години колку се познавале партнерите пред да започнат сериозна врска
P= број на претходни партнери на двајцата (вкупен број од двајцата)
Hm= Колку на мажот му е важна искреноста во врската (во скала од 1-5)
Hf= Колку на жената ѝ се важни финансиите во врската (во скала од 1-5)
Ј= Заеднички број колку е важен хуморот во врската (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)
G= Збир колку на двајцата им е важен физичкиот изглед (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)
Sm= Колку на мажот му е важен сексот во врската (во скала од 1-5)
Sf= Колку на жената ѝ е важен сексот во врската (во скала од 1-5)
I= Збир колку на двајцата партнери им е важен добриот однос со родителите (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)
C= Збир колку на партнерите им се важни децата (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)