Ситните собрани честички на врвовите на планините на Антарктикот се доказ дека метеоритот, широк повеќе од 100 метри експлодирал пред 430 000 години и така испратил огнена кугла од испарен вонземски материјал на ледената површина.
Се смета дека ваквите експлозии се случуваат почесто од пад на метеори или многу поголеми астероиди кои оставиле кратери на Земјата, каков што е тој што ги уништи диносаурусите пред 66 милиони години, објави CNN.
Откривањето на такви вселенски карпи е, сепак, многу потешко, бидејќи оставаат многу малку траги во геолошките записи. Матијас ван Гинекен, истражувач на Универзитетот во Кент, собрал 17 темни честички, помалку од еден милиметар, невидливи за човечкото око, додека бил на експедиција на планината Сор Рондан, на истокот на Антарктикот, каде се наоѓа белгиската истражувачка станица „Princess Elizabeth“.
“Прво забележав дека некои од нив изгледаат како да се залепени едни со други, што бо морало да се случи кога честичките се растопени. Тоа би значело дека многу од нив комуницираат кога се на многу висока температура. Ова е единствениот разумен начин да се објасни дека тоа бил огромен удар “, вели Ван Гинекен, главен автор на студијата објавена во списанието Science Advances.