Научници направиле живи роботи од клетки од жаба кои можат да се лекуваат и да се хранат

Ксеноботи, именувани по африканската жаба (Xenopus laevis) од чии ќелии се направени, се обновена верзија на еден напис кој датира од минатата година кога е објавено дека можат самостојно да се обноват.

Овие роботи се помали од милиметар и се доволно мали за да патуваат низ човечкото тело. Тие можат да одат и да пливаат, да преживеат со денови без храна и да работат во групи.

Научниците од Универзитетот во Вермонт во 2020 година, заедно со експерти од Универзитетот Тафтс, кои ги создадоа овие необични роботи, велат дека станува збор за целосно нова форма на живот.

Најпрво научниците земале матични клетки од ембриони на жаби и ги ставиле во инкубација. Потоа, ги исекле и ги преобликувале во посебни форми кои во природата никогаш не постоеле. Дизајнирани се со супер компјутер.

Новоформираните клетки тогаш почнале да функционираат независно. Клетките на кожата се врзуваат заедно и ја формираат структурата на роботот, додека пулсирачките клетки на срцевиот мускул дозволуваат машината да се движи самостојно.

Ксеноботите исто така имаат способност да се лекуваат. Кога научниците исекле еден од нив, тој се излекувал и продолжил да се движи.

„Ова е нова форма на живи машини“, вели Џошуа Бонгард од Универзитетот во Вермонт.

“Не припаѓа ниту на традиционалните роботи ниту на познати животински видови. Тоа е целосно нова категорија: жив организам што може да се програмира”, додава тој.

Оригиналната верзија на овие роботи се поместува со пулсирање на срцевите мускули, а сегашната се движи уште побрзо, со формации слични на влакна што се на нивната површина.

Поновите ксеноботи живеат меѓу три и седум дена подолго од нивните претходници, кои живееле околу една недела и имаат можност да ја почувствуваат својата околина до одреден степен. Имено, кога ќе бидат изложени на сина светлина, тие ја менуваат бојата и стануваат црвеникави.

“Бидејќи се создадени од животински клетки, ксеноботите се распаѓаат на крајот на животот и се биоразградливи”, вели научникот Даглас Блекистон од Универзитетот Тафтс, кој верува дека затоа ќе може да има биомедицинска и еколошка примена.

За време на претходните обиди за создавање живи роботи, како што се далечински контролирани лебарки, експертите манипулирале со живи суштества, што имало некои етички проблеми. Ксеноботите се разликуваат во тој поглед, бидејќи тие се целосно составени само од живи клетки.

Ксеноботи потенцијално може да се користат за различни задачи – да се исчисти радиоактивен отпад, да се собере микропластика од океаните, да се однесат лекови внатре во човечкото тело, па дури и да се исчистат наслагите во артериите. Имено, овие ситни роботи можат да преживеат со денови или недели во течност без дополнителни хранливи материи, што ги прави погодни за интракорпорална испорака на лекови.

Овие мали организми се создадени со сопствен резервоар на храна, липиди и протеини, што им овозможува да живеат само до две недели, но тие не можат да се размножуваат или да се развиваат.

Поддржете ја нашата работа: