Неверојатна приказна за пилотот кој излета од кабината на 7.000 метри и преживеа!

Неверојатна приказна за тоа како пилотот на „Бритиш ервејс“ бил извлечен од пилотската кабина среде лет и го преживеал инцидентот.

За време на летот од Бирмингем до Малага, додека авионот патувал над Оксфордшир, два од шесте прозорци во пилотската кабина одеднаш се скршиле.

Капетанот Тим ​​Ланкастер беше отфрлен од седиштето и повлечен од прозорецот додека авионот се наоѓал на надморска височина од околу 7.000 метри.

Силата, исто така, ја разнела вратата на пилотската кабина, откинувајќи ја од шарките. Стјуардот Најџел Огден едвај останал на нозе.

Тој, веднаш по несреќата, дал изјава за медиумите:

„Се свртев и видов низ отворот – каде што требаше да биде вратата на пилотската кабина – дека нема предно ветробранско стакло, дека Тим, пилотот, виси од прозорецот – сѐ што можев да видам беа неговите нозе“.

Г -дин Огден влетал во пилотската кабина и успеал да го фати пилотот за нозете додека тој полека се лизгал низ прозорецот.

„Потоа, ја прескокнав контролната табла и го фатив за половината за да го фатам посилно“, објаснил тој.

“Неговите нозе беа заглавени во контролната табла и случајно го исклучија автопилотот. Ова придонесе брзината на авионот да се намали на речиси 650 км / ч низ небото”.

За да биде драмата полоша, самиот стјуард Огден почнал бил зафатен од притисокот и повлечен кон прозорецот додека го држел пилотот. За среќа друг член на кабинската екипа, Џон Хауард, се освестил од шокот, влетал во пилотската кабина и го фати за појасот.

„Сѐ уште го држев Тим, но моите раце стануваа сѐ послаби, а потоа тој се лизна. Мислев дека ќе го загубам, но тој се свитка во форма на буквата „U“ околу прозорецот. Неговото лице удираше во прозорецот, крвта излегуваше од носот и од страната на главата, рацете му трепереа. Најстрашно од сѐ беше што очите му беа ширум отворени. Никогаш нема да ја заборавам таа сцена додека сум жив”, додава стјуардот.

Додека копилотот Алистер Аткинсон полека успеал да ја преземе контролата, стјуардесата, по име Сајмон, исто така, влегла во пилотската кабина, зграпчувајќи се за останатите коишто го држеле капетанот Тим.

“Притисокот врз Аластер мора да беше огромен – животот на сите нас беше во негови раце. Но, тој совршено слета со тој авион”, изјавила стјуардесата.

Авионот слетал на аеродромот во Саутемптон, каде биле пречекани од итните служби.

Апсолутно неверојатно, но за среќа, пилотот поминал само со неколку скршеници и смрзнатини, но преживеал!

Според извештајот на Одделот за истрага на воздухопловни несреќи по инцидентот, механичарот користел погрешни завртки за прицврстување на шофершајбната.

Во извештајот се наведува дека процесот на инсталирање на стаклото, што се случило 27 часа пред полетувањето на авионот, во јуни 1990 година, „имал голем број лоши работни практики, лоши проценки и грешки“.

По несреќата, г -дин Огден го напуштил Бритиш ервејс и заминал да работи во Армијата.

Целиот инцидент бил преработен за документарен филм емитуван на каналот National Geographic во 2005 година.

Поддржете ја нашата работа: