Нова студија: Поленот го зголемува ризикот од зараза со корона дури и ако не сте алергични

Според најновото истражување, изложеноста на полен може да го зголеми ризикот од инфекција со ковид-19, дури и за оние кои не страдаат од алергии.

“Пред неколку години, моите колеги докажаа дека поленот може да ја намали реакцијата на нашиот имунолошки систем. Имено, поленот се меша со протеините кои сигнализираат антивирусен одговор во клетките што ги обложуваат дишните патишта, што може да дојде до пречувствителност на респираторни вируси, како вирусот на грип и други вируси на САРС “, вели физиологот Луис Зискан од Универзитетот Колумбија во САД.

“За време на оваа студија, забележавме како изложеноста на полен влијае на ризикот од инфекција со ковид-19. Анализиравме како се промени бројот на нови инфекции со зголемување или намалување на нивото на полен во 31 земја низ светот. Откривме дека во просек околу 44% од варијабилноста на стапката на случаите со ковид -19 е поврзана со изложеност на полен, честопати во синергија со влажноста и температурата“, додава тој.

Студијата покажа дека стапката на зараза започнала да се зголемува четири дена по значително зголемување на нивото на полен. Доколку немаше локално заклучување, стапката на зараза би се зголемила во просек за околу 4% на 100 честички од полен на кубен метар воздух. Заклучувањето го преполови нивото на раст на заразата.

Изложеноста на полен не е проблем само за оние кои имаат алергии, туку е општа реакција на полен. Истражувањата покажаа дека дури и оние видови полен кои обично не предизвикуваат алергиски реакции се во корелација со зголемувањето на инфекциите со ковид-19, пишува The Conversation.

Поддржете ја нашата работа: