Осум јајца од ној за кои се верува дека се стари над 4.000 години, беа најдени покрај праисториско огниште во Израел.

Праисториски камп што го користеле пустински номади беше откриен под песочни дини во регионот Негев. Директорката на ископувањето Лорен Дејвис рече дека археолозите пронашле и камени алатки и садови, но јајцата биле посебно откритие.

Дивите ноеви биле вообичаени жители на споменатиот простор до 19 век. Јајцата на овие големи птици се пронајдени на бројни локации и потекнуваат од различни периоди. Тие јајца не само што биле извор на храна, туку биле користени за носење вода, како украси и како погребни садови.

 

Поддржете ја нашата работа: