Откриена подземна вода стара 1,2 милијарда години

Меѓународен тим од истражувачи открил подземна вода стара 1,2 милијарда години на длабочина од 2,9 километри под површината на Земјата.

Откритието било направено во рудник за ураниум и злато во Јужноафриканската Република. Тоа би можело да им помогне на научниците подобро да разберат како се создаваат водородот и хелиумот длабоко во Земјата и да научат повеќе за начинот на кој животот опстојува во најдлабоките точки на планетата.

Еден од научниците го опишал откритието како Пандорина кутија за производство на хелиум и водорот. Откритието им овозможило на научниците да го анализираат процесот на создавање хелиум и водород длабоко во внатрешноста на планетата.

– Првпат имаме увид во тоа како енергијата складирана длабоко под површината на Земјата може да се ослободи и пошироко да се пренесува низ нејзината кора со текот на времето – изјавил Оливер Вор, главен автор на истражувањето во кое се опишува откритието.

Истражувачите велат дека нивното истражување е витално за да се разбере улогата на процесите во опстојувањето на микробниот живот, особено затоа што слични процеси може да се случуваат на далечни планети со слични елементарни состави.

Извор: Interesting Engineering

Поддржете ја нашата работа: