Планетата Земја од денеска живее на кредит

Од денеска човештвото ги потроши сите природни ресурси кои Земјата може да ги произведе за една година и со тоа влезе во „еколошки долг“, два дена порано од минатата година. Денот на пречекорување на ресурсите на Земјата од почетокот на 1970-ти беше порано, со исклучок на 2020 година кога беше на 22 август поради помалото исцрпување на ресурсите поради пандемијата. Глобалната организација Global Footprint Network, која го пресметува тој датум секоја година, објави дека три милијарди луѓе живеат во земји кои произведуваат помалку храна отколку што консумираат и заработуваат помалку од светскиот просек.

Исто така, 72 насто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитет и помали приходи од светскиот просек. Во соопштението се наведува дека 60 проценти од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзите климатски промени.

enauka.mk
9,249наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,287денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.