(ВИДЕО) Подводен пат стар 7.000 години пронајден во морето кај Корчула

YOUTUBE/SVEUČILIŠTE U ZADRU / SCREENSHOT

Археолозите од Универзитетот во Задар објавија остатоци од пат стар речиси 7.000 години како дел од подводните археолошки истражувања на потопеното неолитско наоѓалиште Солине на островот Корчула.

Пронајдени се внимателно наредени камени плочи кои беа дел од патот широк четири метри што го поврзува вештачки создадениот остров со брегот.

Врз основа на анализата на дрвото пронајдено во последното археолошко истражување, целата населба датира околу 4.900 година пред нашата ера, објави Индекс.

Во исто време, на другиот крај на островот Корчула, археолозите од Универзитетот во Задар вршат истражување на земјиштето во близина на заливот Градина до Вела Лука.

Водачот на истражувањето Игор Борзиќ забележал чудни градби во морето на заливот. Археолошкиот тим што го испитувал локалитетот Солине го прегледал централниот дел на заливот Градина и на длабочина од четири до пет метри открил постоење на населба речиси идентична со онаа во Солине, се посочува во соопштението.

Поддржете ја нашата работа: