Познавачите кажаа нова прогноза до кога се очекува да трае недостатокот од чипови

Производството на автомобили, гејминг конзоли, паметни телефони, компјутери, секакви паметни уреди е забавено поради недостиг на чипови. Дури и производители на кабини за бањање на домашни миленици како CCSI International се погодени од недостигот на чипови.

Претходните најави дека недостигот на чипови ќе заврши во 2022 сега се пролонгирани и веројатно ќе продолжат и во 2023 година.

„Каква ќе биде ситуацијата следниот Божиќ? Очекувам ограничувањата во синџирот на снабдување да бидат нешто подобри, но нема да бидат целосно поправени“, вели извршниот директор ARM, Симон Сегарс.

Најголемите производители на чипови се лоцирани во Азија. Сепак најголем дел од суровините за производство доаѓаат од Јапонија и Мексико. Огромен  дел од чиповите се произведуваат во неколку локации во Тајван и Кина што на крај придонесе целиот свет наеднаш да биде погоден.

Оваа недела доцнење и проблеми поради недостигот на чипови објавија неколку компании. Компанијата на Елон Маск за сателитски интернет – Starlink; Nintendo има проблеми со Switch конзолите; Apple префрли дел од деловите од iPad за iPhone 13. Ова се само дел од компаниите и производите кои имаат проблеми поради недостигот на чипови.

Можеби мало изненадување е што една од најпогодените гранки од недостигот на чипови е автомобилската индустрија. Како последица производството ќе биде намалено за над 7,7 милиони возила во 2021 година. Дел од компаниите за да намалат на потребите од полуспроводници ги променија и своите возила, на пример Тесла ја отстрани лумбалната поддршка од совозачкото седиште поради високата цена на суровините; GM ги отстрани автоматското тргање и запирање. Дополнително голем дел од производителите произведуваат возила и ги оставаат да чекаат додека чиповите не станат повторно достапни. Најголемиот производител на автомобили во Индија Maruti Suzuki India, проценува дека во ноември производството ќе се намали на 85 отсто од нормалата.

Поддржете ја нашата работа: