Овој проблем беше опишуван како “Светиот грал” помеѓу луѓето кои се занимаваат со компјутери, а сега е постигнат клучен напредок во создавањето на компјутери кои размислуваат еднакво како човековиот мозок.
Истражувачите од Универзитетот Оксфорд развиле компјутерска технологија која користи светлина за да ја имитира функционалноста на невронските синапси, и го отвора патот за создавање на хардвер кој ќе ја комбинира брзината на модерните процесори со ефикасноста на моќта на мозокот, и притоа користи минимална количина на енергија.
“Развојот на компјутерите кои работат повеќе како човечки мозок е цел на научниците повеќе од една деценија”, вели лидерот на студијата, проф. Harish Bhaskaran.
“Мозокот истовремено може да процесира и складира огромни количини на информации преку мрежа на неврони и синапси, користејќи само неколку десетици енергетски вати. Конвенционалните компјутери ни приближно не можат да постигнат такви перформанси”, вели тој.
За да го развијат овој чип, научниците комбинирале материјали кои апсорбираат и ослободуваат енергија за време на замрзнување и топење со посебно дизајнирани светлосни соединенија кои ги доставувале одговорите на начин кој е сличен на синапсите во мозокот.
Ваквиот чип може да работи со 1000 пати поголема брзина од човечкиот мозок.
“Конвенционалните компјутери се релативно бавни, а што повеќе ги правиме брзи, трошат повеќе енергија. Немаат способност за учење и паралелно процесирање како човечкиот мозок”, вели проф. C. David Wright, ко-автор на студијата.
Иако овие концепти не се нови, ова е првпат процесот да е реализиран во пракса. Нервроморфните процесори базирани на светлина се чини дека ќе бидат совршениот спој помеѓу мозокот и роботите.