Прва успешна трансплантација на црева во светот! Пациент – едногодишно девојче

pixabay

Едногодишно девојче од Шпанија беше првото во светот кое успешно беше подложено на трансплантација на цревата од донатор кој почина од срцева слабост, соопшти денеска мадридската болница Ла Паз.

Покрај цревата, бебето Ема доби и нов црн дроб, стомак, слезина и панкреас, а подоцна беше отпуштено во совршена состојба и сега е дома со своите родители.

Шпанија е глобален лидер во трансплантации на органи, со над 102 трансплантации на органи на милион жители во 2021 година, стапка што ја надминуваат само Соединетите држави, пренесе Танјуг.

Поддржете ја нашата работа: