Свеста можеби се појавува уште пред да се родиме, покажува ново истражување

pixabay

Ако гледате како дете со чудење гледа во треперливата свеќа на нивната прва роденденска торта, јасно е дека нешто се случува зад тие големи, невини очи.

Но, дали е така од секогаш? Вратете го го часовникот наназад, од љубопитно доенче, до новороденче, па  до оплодена јајце клетка, таа свест станува сè потешко да се препознае.

Надвор од филозофскиот предизвик за дефинирање на свеста, научниците, исто така, имаат потешкотии  прецизно да одредат кога мрежата на неврони е доволно развиена, не само да ја почувствува, туку и да ја спознае околината.

Некои сугерираат дека свеста се појавува многу месеци по раѓањето, не многу пред првиот роденден. Други тврдат дека нашите први моменти на свесност би можеле да бидат со нас веднаш по раѓањето.

„Скоро секој што држел новороденче се запрашал како е да се биде бебе“, вели Тим Бејн, филозоф од Универзитетот Монаш во Австралија.

„Но, се разбира, не можеме да се сетиме на нашето детство, а истражувачите на свеста не се согласни околу тоа дали свеста се појавува „рано“ (при раѓањето или набргу потоа) или „доцна“ – до една година, па дури и многу подоцна“.

Свеста е црната дупка на неврологијата; сингуларност скриена од хоризонтот на настани на субјективно искуство на кој никој друг не може да пристапи. Можеме само да претпоставиме дека другите мозоци – како нашиот мозок – можат да ги претворат акустичните вибрации во песни на радост и тага, електромагнетните бранови во сино небо и топли зајдисонца или мирисот на кожата во мајчинско уверување.

Без значаен начин да се разликува свесното дејство од несвесната реакција, физичката теорија на човечката свест продолжува да ги предизвикува истражувачите. Ние едвај разбираме како тоа функционира во зрелиот мозок, а камоли оној што е сè уште во развој.

За да ја резимираме моменталната состојба на напредокот на темата, Бејн и мал тим невронаучници и филозофи од Австралија, Германија, САД и Ирска извршија преглед на досегашната литература.

Според нивните наоди, има доволно докази да се аргументира во корист на раната состојба на свесност, онаа што може да функционира долго пред раѓањето.

Без средства за споделување на какви било потенцијални перцепции за светот, некогаш се претпоставуваше дека бебињата немаат вистинска свест. Сепак…

„Нашите наоди сугерираат дека новороденчињата можат да ги интегрираат сензорните и развојните когнитивни одговори во кохерентни свесни искуства за да ги разберат постапките на другите и да ги планираат сопствените одговори“, вели психологот Лорина Начи од Колеџот Тринити во Лондон.

И покрај сѐ, прашањата за тоа дали свесноста е делумна или целосна, дали фетусот сонува и слично, сè уште се далеку од одговор.

Како што се подобруваат техниките за скенирање на мозокот и можеме подобро да ги мапираме сложените ткаенини на невролошките мрежи додека тие растат, можеби ќе ја сфатиме свеста како континуум, велат истражувачите.

Извор: Cell

 

Поддржете ја нашата работа: