Индиго свест и индиго деца…Што е тоа?

Да се обликува сопствениот живот во хармонија со најсуптилните и нематеријалните искуства е вистинска уметност. Мошне е важно да се знае дека свеста на секој поединец ја допира свеста на останатите индивидуи и различно се манифестира врз нив.

Уште древните цивилизации знаеле дека збирот од севкупната свест на сите живи и „неживи“ суштества го сочинува Полето на единствената свест.

Свеста е една, единствена и неделлива. Денес, неразбирањето на меѓучовечките односи на подлабоко енергетско ниво не фрла во чувство на одвоеност и загрозеност од околината. Таквите лажни убедувања наметнува нетрпеливост, огорченост, па дури и најразлични стравови.

Свеста која го перцепира животот од таквата ниска перспектива се врти во кругот на личните потреби и личните кризи. Таквата свест во денешно време би можеле да ја наречеме – социјална свест.

Таа е истовремено ограничена во многу аспекти и не е во состојба да го достигне решението на своите критични точки. Ниту кон поединецот, ниту кон заедницата во целост.

Таквиот систем на „вредности“, ги става луѓето во положба на очајни и огорчени критичари на реалноста. Иако сите се „борат“ против насилството, дрогата, криминалот…Насилството расте, во пораст е и чувството на несигурност, како и човечките несреќи. Тркалото на пропаста се врти се побрзо и се поставува прашањето – што би требало да се направи за да запре.

Неурамнотеженото однесување на нашите деца е одраз во огледало на нас самите и засега воопшто не ветува светла иднина на светот.

Осветлувањето на перспективата во која се имаме колективно заглавено бара нови, малку посилни батерии и некоја нова свест.

Поединците кои што се носители на таква нова, можеби малку потешка за разбирање енергија, се носителите на свеста која, во склад со речникот на интуитивно, би можела да се нарече – ИНДИГО СВЕСТ.

Веројатно нив ќе ги почувствувате како необични и непосредни, благи, но силни, ненаметливи, но заиграни, необично ментално „опремени“, со силна интуиција и емоционално стабилни…

Индиго свеста на поединецот својата фрекфенција ја ускладува со фрекфенцијата на примордијалниот Извор. Живее во внатрешноста на спознанието и на високите вибрации и со самото тоа има способност да прима и да препознава значајни информации од единственото Поле на свесноста.

Да се живее во една таква состојба е мошне деликатна димензија и потребни се повеќе години за да може физичкото тело да застане во рамнотежа и да почне да функционира во сложениот свет на нашето секојдневие. Дури потоа почнува суптилна работа со пренесување на енергиите преку индукција на полињата.

Во секој доволно отворен поединец постојат сите потребни ресурси за придвижување на внатрешните промени. Ако сме свесни дека покрај сопствената делиме и заедничка реалност тогаш нема да биде тешко да препознаеме што не поврзува.

Свесните поединци своето место ќе го пронајдат во помагање на чувствителните категории, деца или возрасни, чие извлекување од самоблокадата ќе биде значаен процес за одржување на семејната и општествената заедница.

Поддржете ја нашата работа: