Веста дека Охрид не е ставен на Листата на загрозени светски наследства е добредојдена и носи три важни пораки, вели Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија.
Прво, вели Дуџак, одлуката на Комитетот за светско наследство да не го стави Охрид на листата не ја намалува итноста да се делува и покрај дополнителните две години што се дадени за да се избегне таa судбина.
Како втора порака од одлуката на УНЕСКО, Дуџаќ ја посочи и неопходноста од засилена соработка меѓу локалната и централната власт, заедно со невладиниот сектор, со цел зачувување на статусот на Охридско-струшкиот регион.
На крајот, Дуџаќ додаде дека Охрид е богатство за целиот свет и сите страни имаат заедничка обврска за зачувување на неговата вредност.
„Конечно, одлуката покажува дека мора заедно да го заштитиме природното и културното богаствто на Охрид. Мора да делуваме заедно зашто Охрид ни припаѓа на сите нас, на луѓето што живеат на неговото крајбрежје, преку институциите и оштините што го менаџираат неверојатното културно и природно богатство, до сите нас, до граѓаните на Северна Македонија и до граѓаните на светот. Охрид е богатство за целиот свет и наша заедничка обврска е да го заштитиме и зачуваме, за нас и за сите идни генерации“, порачува постојана координаторка на ОН.