Светиот остров Окиношима во југозападна Јапонија, каде на жените им е забранет пристап е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.
Статусот светско културно наследство на Окиношима му е доделен на годинешниот состанок на комисијата на УНЕСКО одржан во Краков, Полска на 09-ти јули.
На островот Окиношима, кој е лоциран на половина пат помеѓу северозападниот главен остров Кјушу и Корејскиот полуостров, се наоѓа храмот Окитсу од 17-тиот век кој служел како место за молитви за безбедноста на морнарите.
На свештениците од Мунаката Таиша – група на шинтоистички светилишта во принцип им е дозволено да дојдат на островот и да се поклонат во храмот.
На островот постојат строги правила за бројот на луѓе што меже да го посетат. Островот прима посетители само еднаш годишно, на 27-ми мај, во чест на загинатите морнари во руско-јапонската поморска битка од 1904-05 година.
Може да има најмногу 200 посетители и тоа само мажи, кои мора претходно да поминат ритуално капење во морето, за да се очистат од нечистотиите. На посетителите не им е дозволено ништо да замат за спомен, вклучително и мали предмети како гранчиња, каменчиња и тревки од островот.
На жените воопшто не им е дозволен пристап на островот, а причината за тоа никогаш не е јавно обелоденета.
Овој статус ќе му овозможи на Окиношима пристап да фондовите за негово одржување, но според главниот свештеник од Мунаката Таиша, забраната за туристите и за жените и понатака ќе остане на сила.
































