Четворица астронаути безбедно слетаа на Земјата со Crew Dragon

Четворица астронаути, тројца Американци и Јапонец, вчера успешно се вратија на Земјата напуштајќи ја Меѓународната вселенска станица во капсулата на SpaceX.

По повеќе од 160 дена поминати во вселената, безбедно се спуштија во морето во близина на Флорида.

Капсулата Crew Dragon се одвои од Меѓународната вселенска станица според планот, а враќањето на Земјата траело околу 7 часа.

Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер, Шенон Вокер и Јапонецот Соичи Ногучи во ноември минатата година беа првите астронаути на оперативна мисија кои ги превезе до вселената компанијата на Илон Маск.

Поддржете ја нашата работа: