Елон Маск ќе го поврзува мозокот со компјутер ( +Видео )

Директорот на „Тесла“, Елон Маск, основа нова стартап компанија наречена „Неуралинк“, која ќе развива технологија за поврзување на човечкиот мозок со компјутери.

Објавата на Вол Стрит Журнал, подоцна беше потврдена преку твит од Маск, кој соопшти дека регистрирана е како компанија за медицински истражувања и се уште е во многу рана фаза.

„ Long Neuralink piece coming out on @waitbutwhy in about a week. Difficult to dedicate the time, but existential risk is too high not to. „

— Elon Musk (@elonmusk) March 28, 2017

Компанијата ќе развива таканаречена „невронска тантела“ (neural lace) , технологија која се базира на малечки електроди во мозокот. Техниката може да се користи за подобрување на меморијата или да овозможи на луѓето дополнителна вештачка интелигенција.

Според Вол Стрит Журнал, водечките научници во ова поле веќе се пријавиле за работа во компанијата која ќе биде приватно финансирана од Маск. Специјалистите во оваа област замислуваат иднина кога луѓето ќе можат да се поставуваат и преземаат мисли. Повеќе детали за компанијата се најавени за следната недела, кога таа и јавно ќе биде презентирана.

Елон Маск се смета за еден од најголемите визионери во Силиконската долина. Освен што е на чело на компанијата „Тесла“ за производство на електрични автомобили, тој е вклучен и во компанијата за вселенски истражувања „Space X“, проект за транспорт наречен „Hyperloop“, додека најново е вклучен во фирма која истражува оправданост на пробивање тунели под Лос Анџелес и проект за снабдување со електрична енергија на Австралија.

Во твитовите за „Неуралинк“, Маск признава дека „ќе биде тешко да се одреди временски период, но егзистенцијалниот ризик е многу висок за тоа да не се прави“

Елон Маск и во минатото има коментирано на оваа тема :

Илон Маск: ќе станеме киборзи

А дека прогресот во ова поле е се поголем и поголем покажуваат и некои од статиите на енаука.мк ( за повеќе користете го пребарувачот )

Ера на бионичко тело: шест чуда на бионичката технологија

 

 

е се само в

Поддржете ја нашата работа: